ај не Оф-топикувајте премногу
супер си е топиков
може да се дадат предлози што би купиле, за што би дале пари
па Бункер да знае отприлика за што би имало публика
еве пример, мое размислување (кое морамда го споделам, затоа што нема да сум на собиранкиве до после 10ти авг.)
со изданијата на ВЧ не знам колку би се исплатело,
затоа што повеќето беа носени кај нас во трафики и се имаме снабдено
(освен со неколкуте стрип албуми, кои не ги донесоа)
со
хрватските, мислам дека нема промашај, посебно со Фибра и нивниот квалитет,
ама не знам што
цена ќе бидат (а тоа игра битна улога)
ја лично тековно ги собирам ММ од хрватска, а албумите секогаш ми се бомбончиња кога ќе ми улетаат
со странски (мислам на
англиски јазик) стрипови, зависи од каде би можеле да се набават,
но мој предлог би ти било, да видиш како да дојдеш до реминдента на амерички стирпови.
Зошто?
И порано имам кажано низ форумов, во албанија имаше книжарница, која продаваше амерички свески за 100 ден.
а каснеа 2 месеци од САД.
реминдентата од америка одеше во грција после еден месец, ама не знам која цена беа таму
а после еден месец (значи со 2 месеци каснење) албанците ги превземаа од грците по најниски цени.
главениот таргет треба да ти биде поделен на два дела:
постари колекционери кои се навикнати на стрип од српско-хрватско говорно подрачје
помлади читатели кои сакаат помодерни издданија на англиски јазик
(иако често е испреплетено ова, гледајќи по себе)
уште нешто, размисли за во блиска иднина, да не биде само Бункер место за стрипови,
тој таргет собира и
играчки, и што ли уште не друго...
само разгледај низ форумов во колекциите, па ќе добиеш инспирација.
еве и за крај, ако има шанси да бидеме вклучени при селекцијата на изборот на изданија
имај не во предвид за помош
пример, ако имаш каталог од било која фирма, јас радо би го погледнал за да сугерираме што би одело кај нас
(не само јас, има многу компетентни дечки што стварно се разбираат од стрип)
ај поздрав па се гледаме после одмори!