WARHAMMER 40.000 ПРЕЗЕНТАЦИЈА!

На 26.09 во 17:00 часот, во продавницата за друштвени игри Гоблин, за прв пат ќе се одржи презентација на играта Warhammer 40,000. Долгогодишни и нови колекционери на минијатури ќе ги презентираат своите човечиња, орки, ангели, демони, како и други изработки поврзани со играта (терени и објекти) притоа презентирајќи ја. Овој евент е отворен за сите што сакаат да се запознаат со светот на Warhammer 40,000 и играта која е сместена во него.

Warhammer 40,000 е воена игра со минијатури произведена од Games Workshop во 1987-ма од Rick Priestley и е една од најпознатите игри од овој жанр. Дејството е сместено во 40-тиот милениум, во дистописка иднина каде човештвото е опседнато од сите страни на универзумот од вонземјани и силите на хаосот.Повеќе инфо ТУКА , а дел од фигурите може да видете ТУКА (од колекцијата на Halfelfpaladin)

WARHAMMER 40.000