МАКЕДОНСКИ СТРИП ФОРУМ https://makstrip.com.mk/forum/ |
|
Различни светови - стрип антологија https://makstrip.com.mk/forum/viewtopic.php?f=12&t=3741 |
Page 1 of 1 |
Author: | Temnik [ 22 May 2014, 20:31 ] |
Post subject: | Различни светови - стрип антологија |
Можеби требаше порано да ја отворам темава, добро што Нео ме потсети, во гужвите скроз заборавив, сега малку е отпосле, ама еве нека си стои како посебна тема. Значи, Различни Светови е стрип антологија или збирка на кратки стрипови, работени во период од десетина години. Во суштина, тие што се запознаени со македонските стрип изданија горе-долу ги имаат видено повеќето од стриповите, бидејќи се објавувани во Креатор и Стрип Арт, но таму се објавени во црно бела техника и дел од нив се скратена верзија, бидејќи тогаш за потребите на Салонот и во Белград и во Велес се бараше стрип од 1-4, т.е. 6 табли. Меѓутоа, со оглед на тоа дека многу мал број на луѓе ги виделе изданијата на Стрип Арт и Креатор, освен нели авторите кои веќе објавуваа во овие две списанија на времето, решив да ја објавам оваа збирка, конечно да бидат објавени како што треба, и како што веќе напомнав, овојпат обновени во колор верзија. Во збирката се наоѓаат 9 кратки стрипови, кои се различни меѓу себе, како тематски така и технички, кај некои видно е осетна разликата бидејќи се работени пред повеќе од 10 години, но посебно се одбрани за оваа антологија бидејќи кај сите нив најдов една заедничка нишка, сите содржат еден своевиден конфликт меѓу две страни и решение во сите случаи различно решено. Значи во скоро секој од овие стрипови ќе најдете еден одговор на прашањето дали да се спротивставам или да се придружам на другата страна? Некои од овие кратки стрипови се работени во соработка со други сценаристи, а на некои сум комплетен автор. Двајца странски сценаристи, Реј Скот и Јан Кларк и двајца домашни, Давор Драмиќанин (Александар од Македонија) и Јовче Крстевски (Крстителче). Во стрипот Александар од Македонија всушност сум само тушер, на цртеж на Игор Јовчевски, и колор на Марта и Здравко Гирови, ама исто така овој стрип никаде не е официјално објавен, па некако се вклопи во целата приказна. Да не должам многу, еве ја насловната и неколку табли... |
Author: | Temnik [ 22 May 2014, 20:32 ] |
Post subject: | Re: Различни светови - стрип антологија |
Author: | Temnik [ 22 May 2014, 20:34 ] |
Post subject: | Re: Различни светови - стрип антологија |
Author: | THEMICO [ 22 May 2014, 23:01 ] |
Post subject: | Re: Различни светови - стрип антологија |
BRavo za trudo i upornosta i sve....samo napred decki..... |
Author: | Neo [ 23 May 2014, 00:51 ] |
Post subject: | Re: Различни светови - стрип антологија |
Нека се множат изданија. Ќе се набави ова прва прилика. |
Author: | Temnik [ 24 May 2014, 10:49 ] |
Post subject: | Re: Различни светови - стрип антологија |
Razlicni svetovi na KupiKniga: |
Page 1 of 1 | All times are UTC + 1 hour |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Group http://www.phpbb.com/ |