од Илина Ј.
На нашиот повик од претходниот пост за промовирање и на наши стрип цртачи
љубезно одговори Игор Јовчевски, еден од претставниците на македонската стрип
и илустраторска сцена кој успева да си го најде своето место и вон границите на
Македонија. Oбјавуваме неколку стрип–табли и илустрации кои, по негова желба,
треба да го претстават пред се’ како цртач. Тој има и свој блог
http://igorcomics.blogspot.com/, а соработува и со Македонскиот стрип форум,
http://makstrip.com.mk/.
Како што ни објасни Игор, состојбата на македонскиот стрип и не е толку лоша –
проблемот е повеќе во издаваштвото. Затоа стрип цртачите најчесто се одлучуваат
за објавување он–лајн,или за некоја од земјите во регионот каде можноста за
издавање ’на хартија’ е поголема. Самиот тој сепак има објавено книга –стрип
албум под наслов „Кратки резови“, во издание на Или–или, кој беше промовиран
во септември оваа година. Биографијата на Игор во прилог е токму од тоа издание.
Очигледно и ние стрип цртачи за трка имаме. Што велите за една историја на
Македонија во стрип? Едно е сигурно –во неа сигурно не би недостасувала
акција