Од лани NY се класа подобри со Дерик Вилијамс (кој ќе е кандидат за 6ти играч во лигата се надевам) + повторно имаат класичен центар во Раул Лопез и да не занемариме следново - си замина Барњани
Мој тип е 7-мо на исток, но со услов - ако нема долги отсуства ради повреди на било кој од побитниве 3-4 играчи. Оптимистички можеби, но мора така, за да имам волја да ја пратам сезонава
Ја гледав вчера со Атланта, поразот е најмногу поради тоа што шутот не одеше никако посебно на Кармело, а Хокс гаѓаа понекогаш и од невозможни позиции. Годинава без Керол и Антиќ нема да им биде воопшто иста, ако успеат да бидат 3ти на исток ќе биде одлично за нив, 1во и 2-ро се фиксни за Чикаго и Кливленд.