Знам дека на најмалку од еден од вас ова ќе му биде интересно (поздрав до Раста), а и ќе ми се најде тесктов за на друго место, така да... Другите нека ми простат за досадниов топик...
Со група другари сме навлечени на NBA Fantasy Basketball, a најдобри услови за тоа нудат на Yahoo!, така да нашата лига Elfasko Open егзистира таму скоро една деценија. Се' започнало сезоната 2001/02, а јас им се приклучив следната година. Првата сезона биле само 4 екипи, а од 2003/04 па до денес сме 12. Раста инаку е еден од основачите, но од (до денес се уште неразјаснети) причини, не' напушти на крајот од 2003/04.
Инаку, од 2006/07 навака сме истите 12 екипи. Работава си ја тераме сериозно, во текот на сезоната и на крајот редовно се збираме по кафулиња и кафеани, за да разговараме како тече сезоната, треба ли некои промени во правилата (комесарот на лигата има моќ да менува некои работи, а и да казнува - како admin
), а последната средба, најчесто кај "Злате", ни е за доделување на пехарите на новиот шампион, од кои еден е преоден, а еден останува во трајна сопственост, изгравиран...
Сите овие години комесарот е ист (за тие што го знаат, тоа е Алф) и изгледа мандатот му е доживотен - нешто како Фидел Кастро испаѓа...
Нешто за системот на натрпеварување... Лигата ни е од тип Head-to-Head и секоја недела секој од нас е во директен дуел со екипата на друг менаџер. Вкупно сме 12 екипи/менаџери (хм, се повторувам...). На почетокот на секоја сезона, на една од нашите собиранки, влечеме ливчиња од барабан (т.е. тањирче за кикирики
) и така го утврдуваме редоследот на бирање на играчи. Првиот извлечен бира последен во првата рунда, а последниот извлечен бира прв, значи го има првиот пик. Во втората рунда последниот извлечен бира прв, а првиот извлечен бира последен. Така, по овој систем имаме 14 рунди, бидејќи секоја екипа има по 14 играчи (сме играле и со по 15 играчи, тоа е работа на договор пред да започне секоја сезона). Кој следи NBA знае како тече еден Draft. Избирањето на играчите е "во живо", значи се закачуваме на страната на лигата што ни ја овозможува Yahoo! Sports и секој има по минута и половина да избере играч, и така 14 рунди по 12 играчи. Ако за даденото време не избереш играч, Yahoo! бира за тебе. Кога се бираат играчи, покрај нивниот квалитет, важна е и позицијата на која играат, бидејќи треба да имаш играчи за секоја позиција: PG (point guard), SG (shooting guard), G (guard), SF (small forward), PF (power forward), F (forward), C (center) и Util (на оваа позиција може да ставиш било каков играч, независно дали е бек, крило или центар). На G може да игра и PG i SG, на F може и SF и PF. Значи важно е играчот, покрај тоа што треба да го бива, да може да игра на повеќе позиции... Да е сестран што би рекле. Позициите на играчите ги утврдува Yahoo! врз основа на тоа на која позиција/ии играчот навистина игра во NBA. Brandon Roy например е PG, SG и SF, што значи може да игра на тие позиции, плус G и F. Од вкупно 14 играчи во секој тим, во еден ден активни можат да бидат максимум 11, а останатите тројца остануваат на клупа (BN). Позициите кои треба да ги пополнат тие 11 играчи се: 1xPG, 1xSG, 2xG, 1xSF, 1xPF, 2xF, 2xC и 1xUtil.
Е сега, секој играч носи поени, скокови, асистенции и др. врз основа на учинокот кој го има во "правата" NBA, секогаш кога неговиот тим игра натпревар. Во игра се 12 статистички категории, а покрај споменатите три тука се и: минути во игра, процент на реализација од поле и од линијата за слободни, погодени тројки, украдени и изгубени топки, блокади, лични и технички грешки. Во овие 12 категории, секоја недела се натпреваруваш со екипата на друг менаџер и на крајот од неделата се гледа која екипа во која категорија е поуспешна. Кој има повеќе поени таа недела е победник во поени, кој пак има помалку изгубени топки и лични грешки е победник во тие категории и така со ред. На крај од неделата дуелот може да заврши 6:6, 12:0, 7:5, итн., но може и например да биде 6:4, а две категории да завршат нерешено и сл... Следната недела нов противник, па штом изиграш со секого по еднаш, играш повторно со секого уште по еднаш и така се додека не заврши нашата регуларна сезона и не започне плејофот. Во сезоната, според вкупно добиени (W), изгубени (L) и изедначени (T) статистички категории се прави табела. Еве ни ја табелата во моментов (јас сум Saruman's 14 - значи не ми оди најдобро сезонава):
***** ПРОДОЛЖУВА *****