Судејки според аватарот, беше прашање на време кога ќе почнеш муабет за Световите на Leo.
Да, прочитани се и Алдебаран, и Бетелгез и Антарес, а и двата дела на Кенија, и претражувајки (прво треба да се регистрираш па да ги симнеш линковите, a помошно програмче за симнување вакви линкови ти е MiPony) дознав и дека имало некоја серија Daleke Zemje, па набрзо ќе се чита и тоа.
Гнерално за Leo, како цртач и за неговата имагинација - е фантастичен. Совршено чисти пејсажи и оригинално смислени светови. Има јака фантазија, и тој сегмент многу ми се допаѓа.
Сценаристички, не баш. Не ја „додржува“ приказната, а и скоро и да нема твистови, туку нарацијата му е линеарна.
едит: ЗНАЕВ дека ги има кај нас ама при прво претражување - не ми ги појави?!? и после ме мрзеше да барам....