Sonder е игра без главни ликови, без негативци. Само избори. Научно-фантастичната авантура на битолското студио Kamai Media е малку поразлична игра во која играчот е слободен и охрабрен да преземе контрола врз други ликови за да ја креира приказната од нова гледна точка. Идејата зад ваквиот наратив е да се покаже дека еднa индивидуа, или во овој случај, еден карактер од играта, суди според неговата перцепција и неговата перспектива.
„Кога играте како некој лик во приказната, вие ги правите изборите наместо него – и тие избори имаат влијание врз состојбата на светот во играта, врз другите ликови и дури врз самиот лик кој го контролирате. Вашите избори во приказната ќе одлучат кој, ако некој воопшто, ќе ја преживее авантурата раскажана во играта.“, вели Петар Котевски, основач на Kamai Media.
Ако некоја одлука изгледа ирационална, ако се ставите во улогата на тој карактер тогаш таа ќе добие смисла. Конечното прашање е дали постои лоша или добра одлука, или се зависи од околностите под кои е направена. Името Sonder доаѓа од Џон Коениг кој во The Dictionary of Obscure Sorrows го опишува моментот кога станувате свесни дека и на случајните минувачи животот им е доволно искомплициран од изборите кои ги имаат направено.
Превземено од тука
http://it.com.mk/bitolskoto-gejming-stu ... ra-sonder/Ги знам дечкиве-алал им вера....