На изложбата "Професорите и уметноста" се дела од од 80-ина професори што поминале или се во Училиштето
Вечерва во 20 часот, во Музеј на Град Скопје, со изложба ќе биде одбележана 65-годишнината од основањето на средното уметничко училиште "Лазар Личеноски" во Скопје.
Изложба е со дела од сите професори што биле и се дел од училиштето од 1945 до 2010. Делата на изложбата "Професорите и уметноста" се на осумдесетина еминентни македонски уметници, професори, втемелувачи и амбасадори на ликовната култура на Македонија.
Во 19 часот ќе се одржи свечен наставнички совет, кога ќе биде промовирана Монографијата за училиштето, а ќе зборуваат министерот за образование и наука Никола Тодоров и сликарот Владимир Георгиевски.
Изложбата ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.
Училиштето "Лазар Личеноски" е формирано на 1.12.1944 г., со одлука на АСНОМ. На 5.2.1945, со свечена церемонија започна со настава тогашната Художествена школа во Скопје, денес уметничко училиште "Лазар Личеноски".