![Image](http://nmedia.time.mk/images/125f7323-8adc-4d26-8d16-bc3a6f4406e2.jpeg)
Петта самостојна изложба на Гоце Илиевски, насловена "ГОЛИ".
...Насловот ,,Голи‘‘, не се однесува на материјална голотија, или на нашето голо тело. Туку се однесува на духовното во нас, кое би требало да го побараме многу подлабоко. Свртеноста нанадвор кон светот и нашето опкружување и барање на виновник, или одговор на многу прашања, желби и духовна глад во другиот, доведува до самохипноза и задушување на внатрешното вистинско ,,себе‘‘...
*Отварањето ќе ја претставува идејата целосно, па затоа не го пропуштајте.
Изложбата е отворена од 02.11 - 14.11.2011 година во Дом на АРМ.
Влез бесплатен.