Шесторица протагонисти, се будат во свемирски брод без секавање кои и што биле претходно. Бидејки не се сеќаваат ни како се викаат, се „крстат“ од Еден до Шест, според периодот од будење од хибернетскиот сон. Наоѓаат и андроид (кој е мешавина на six-of-nine и Data
) на кој му е делимично избришана базата на податоци и кој постепено им помага да го пронајдат својот бекграунд...
Досега истераа 8 епизоди, продукција на SyFy, и во недостаток на вакви спејс опери -
Killjoys е исто така слична, добра серија - одлично тера. Лично, ме потсеќа на Firefly со примеси на Star Trek Vojager, според распоредот на ликовите, а и донекаде и со хуморот, но далеку е од совршена серија. Развивањето на приказната како и откривањето на деловите од сложувалката ја прават серијава навистина гледлива серија со жлба за следна епизода и се надевам дека ќе и дадат шанса за следна сезона.