Првото асално ТВ чедо на Џеј Џеј Абрамс, претходник на Лост, шпионска/secret agencies/conspiracy акција/авантура, исто таква замрсена, полна интриги, мистерии, пророштва, 500-годишни артефакти, чак и некој солиден СФ елемент одвреме-навреме ПЛУС (ова е баеѓи голем плус) со Џенифер Гарнер е
Добро, не толку замрсена како Лост, нити на тоа ниво, темпото е многу побрзо плус повеќе е ориентирана кон мистерија/акција него кон драма (иако страшно добро се испреплетени двете). Всушност, најидеално би било да се гледа пред Лост, чисто колку да се сфати како му работи мозокот на Абрамс кога станува збор за креирање серии. Дури и фамозните броеви од Лост прв пат се појавуваат на еден артефакт во серијава. Ја ја имав изгледано прва сезона уште пред да ја фатим Лост и ја подзабраев, ама периодов кога нема многу за гледање ме фати пак чивијата за гледање нешто со шпиони, па викам ај да ја пишем на форумов...
5 сезони тотал, 105 епизоди вкупно, ја сум на крај на втора. Глумата е солидна, особено кај споредните карактери. Има и крајно глупи моменти, ама главно во акционите секвенци, ваљда за да биде “поатрактивно“. Има баеѓи познати фаци досега, особено во епизодни улоги (Квентин Тарантино, Роџер Мур, Џина Торес, Рутгер Хауер, Итан Хок, Кристијан Слејтер, Феј Данавеј итн). Всушност, познати фаци во епизодни улоги е трејдмарк на серијава. Тери О’Квин (Locke) е прилично стандарден како заменик директор на ФБИ, Дејвид Андерс (од Хироуз) исто, а и Лена Олин (мммм) како мајка и’ на Гарднер... Ќе ја спомнем уште еднаш: Лена Олин. Едноставно не можем да и’ се изнагледам на женава, браво.
Засега (2 сезони) препорачано, особено ако сакате да тепате време со нешто што не е летна лимунада.