Zombie Tales! OМГ!
Морам да признам дека Бум ме изненади со ова изданије. Моментот кога ја прочитав серијата се закачив на сите изданија.
Пред да почнам, Бум е студио што почна релативно скоро со работа и доста ме радува што не се ограничуваат на еден или два стилови или тематики.
Што повеќе од очигледно се одсликува и во Zombie Tales. Серијата нема почеток и нема крај. Think of it as a swirling, primordial soup of stories. Секое издание има по неколку приказни кои повеќето се нацртани во различни стилови, често пати и самите приказни не се поврзани една со друга, освен дека апокалипсата дојде и скоро секој човек на планетата Земја е зомби. Но сепак, уште еден многу важен аспект од серијата е дека секоја приказна ја следи човековата психологија. Како секојдневниот човек би се снашол во ваква ситуација. Дали сме спремни за вакво нешто, колку сме во состојба да преживееме, дали истите нагони кои не' доведоа во таа состојба сеуште постојат во некој мрачен дел од нашите пресни, вкусни мозоци. Во една од приказните авторот ја користи ситуацијата да повлече паралела помеѓу зомбињата и денешниот секојдневен човек, дека, всушност и не постои некоја голема разлика меѓу двете. Апокалипсата е само еден чекор подолу кон де-волуцијата на човековото битие.
Од Лос Анџелес до Арктикот до Кина и Јапонија, серијата гради херои и анти-херои, донесувајќи свежина во стрип културата, свежина која одамна и недостасуваше. А свежината мириса на расипано месо и мозоци.
Уживајте!