^ да точно.
Прво земав челична жица која ја свиткав во соодветна положба, се протега низ целото тело и има улога на 'рбет.
После од големи тутки тоалетна хартија ги направив торзото, главата, рацете и нозете, онака грубо чисто како форми, кои се меѓусебно залепени со селотејп.
Потоа иде моделирање, од горе врз основата додавав ТХ, и со конец за шиење цело време мотав од горе, и така се моделира, на пример за да добијам зглобови тамо стегнав со конецот, исто и за врат, гради, стомак, итн.
И после некое време се доби цврста форма. Таа жицата од горе на грбот е чисто како украс.
После ова ги праев крилата. Исеков 2 ленти од ситна челична мрежа, и со силиконски пиштол ги залепив на грбот. Пердувите се од оние лепезите што ги има во China Shop, искубав една таква и исто со силиконски пиштол ги залепив за мрежата. Тука напраив грешка, требаше прво да ја обојам, па на крај крилата, али јебига касно ми текна.
За маската напраив конструкција од жица, као протеза, и од горе налепив парче кожа. А да, исто и за канџите, прво со жица, бидејќи се деликатни и невозможно беше да се моделираат само со ТХ.
И на крај земав акрилни бои, ја обоив цела, и од горе со дрвофикс ја премачкав за да се стврдне. Постољето е обично од некоја столна ламба.
@rastaman Па не знам за нарачка, зависи, као што глеаш процесот е доста крш, го неам усовршено уште хехе