Авантурите на ДвоцеФката и Дебелио
Стрип колумна на Крале.
Повратак Супермајка – Дел ‘Че‘ТР‘ТИ: Физика и Лебедово Езеро (или:се заради расипаниот лаптоп…)
“Следува глупиот момент во сценариото – ха, ко да имаше и некое посебно добро сценарио досега – „Некој или нешто тропа во темнината!„ Седи ти тука со Бакљата, а јас отидов сам да проверам што е работата, пошто и онака ништо не се гледа…“ Па следи тепачка со непознат лик на цели 5 страни (стр 118 – 122) каде што, демек, Загор не знае со кој се тепа. Да не заборавиме дека Супермајк има ДРЕЧ ЖОЛТА облека, која, при најмал извор на светлина, истата ја абсорбира и ја рефлектира наоколу! Е*&еното М ќе се прочиташе, бидејки е како одделен знак, ако ништо друго. Истото важии vice versa – Флекавиов со 6тоа Жутото на средина немаше ли да се препознае во темнинава? За жал, за да не излезе само Двоцефкава морон, го поглупавиле и Мајки…”