Бункер-Препорака на неделата!
Аутоцеста сунца (Autoroute du Soleil)
Некаде кон средината на деведесетите, најголемиот јапонски издавач Kodansha почна интензивно да се интересира за европскиот стрип. Некои автори добија понуда да работат за јапонскиот пазар. Еден од нив беше Бару. Тој сакаше да ја искористи слободата која му ја нудеше оваа прилика, за да излезе од тесните рамки на 48страничните албуми (стандард на француско-белгиската школа). Резултатот од оваа соработка беше Аутоцеста сунца – првата европска манга, која постигна голем успех во Јапонија, пред да го освои и европскиот пазар. На најголемата европска смотра на стрипови, фестивалот во Ангулем во 1996, ова издание ја доби наградата за најдобар албум на годината. Бару е првиот автор кој добил две награди за најдобар албум на овој фестивал….ПОВЕЌЕ!