Tags

Related Posts

Share This

КОЛУМНА: ПЛАЖА, СТРИП И ФРАПЕ

ПЛАЖА СТРИП И ФРАПЕ

Опасно добар одмор си терам, моментално додека почнувам да ја пишувам и оваа трета по ред колумна имам прекрасен поглед на море, си пијуцкам фрапе и максимално сум опуштен. Иако претходната колумна беше вовед за она што се вика Македонска стрип сцена и воопшто каде е Македонија во однос на стрипот и стрип културата, моменталниот одмор и опуштеноста не ми дава да се бавам со сериозни теми.
Едностано плажа стрип и фрапе…..
Денот ми почнува со релативно лесен доручек, одам на плажа и обавезното утринско пливање, си земам фрапе и седнувам да читам стрип и го достигнувам максималниот зен.
Моментално читам Green Lantern на DC comics (периодот пред новите DCU 52) и тоа од Rebirth и враќањето на Hal Jordan пa до крај или ти до почетокот односно рестартот на DC универзумот (за кој ќе пишувам малку повеќе во некоја следна прилика). Одличен стрип серијал како од сценаристички аспект така и од визуелен (илустрација и колор), едноставно прекрасно „штиво“ кое вреди човек да го исчита. Комбинацијата на приказната со цртежот се совршени, секоја табла, секој кадар, секоја реплика се на место, приказната убаво тече, без многу комплицирање, без многу досадни моненти, полека се откриваат нови работи, нови мистерии и сето тоа во комбинација со цртежот го прави овој стрип совршен во секој поглед. Иако не дочитан во целост, до сега имам исчитено нешто повеќе од пола и можам уште од сега да му дадам апсолутна препорака.
Би сакал малку да се задржам на односот цртеж – колор – приказна. Се обидов и јас пред некое време да напишам сценарио за краток стрип, идејта ја имав во глава подолго време и еден мој добар пријател кој е воедно и цртач на стрипот (можете да го прочитате во Синдром бр.7) во еден неврзан муабет од типот…..Абе Мешков имаш прочитано сигурно милион табли во животот….а да седнеш да непишеш нешто……..ме потикна таа моја идеја да ја ставам на хартија читај (Word документ) и да ја пратам кај цртачот Иво Николовски (кој спомнав и погоре ми е навистина голема чест што можам да го наречам пријател), Иво го прифати сценариото и се договоривме да го нацрта стрипот. Да не ја раскажувам на долго и на широко приказната, таблите беа готови, стрипот беше спремен и на моја голема радост објавен во стрип магазинот Синдром. Цртежот е маестрален, црно бела варијанта во комбинација со црвена боја ( во стилот на Sin City на Miller) ама имаше еден проблем а тоа е лошото сценарио (што да правам прво ми беше – хехехехе!!!!!) односно мојата неспособност или несискуство да ја изреазлирам целата моја идеја. Да не бидам сватен погрешно дека се потценувам сам себе, апсолутно ќе има продолжение на приказната (со корегирани почетнички грешки) ама со ова сакав да потенцирам на совршениот стрип а тоа е усогласена приказна, цртеж и колор….!!!!!!
Тоа се тие три работи кои ако не се усогласени додека се чита стрипот ќе се осети онаа празнина она нешто што го прави стрипот некомплетен. Нормално темава отвара уште еден тон дискусии за тоа кој стрип, кој сценарист, кој илустартор, колорист итн е подобар или полош, кои си одговараат меѓу себе кои не итн итн….
За крај ќе ви кажам само едно, бидете креативни, бидете храбри и никогаш ама никогаш немојте да се плашите или не дајбоже да се потценувате самите себе…..едноставно ако имате идеја реализирајте ја ставете ја на хартија во форма на текст, цртеж, илустрација не е битно, трпете критика и учете од споствените грешки, само така ќе станете најдобри.

За крај би го цитирал Здравко Гиров кој е илустратор кој многу го почитувам и ценам:
1.Креирајте Македонски стрипови
2.Читајте Македонски стрипови
3.Купувајте (по воља) македонски стрипови

Толку од мене, се надевам дека ќе ви се допадне текстот и дека ќе ве потикне да размислите да почнете да читате стрип а и да напишете, нацртате зошто да не!!!!!

Отидов да пливам,
До следното читање, останете со добро здравје.
Да извршам прво некои консултации со тимот од порталот и би сакал да прочитам и некое ваше мислење за колумниве, не е битно дали е позитивно или негативно…..ако нема опција за коментари тогаш ќе оставам мој маил….ама за тоа опом потом….

Мешков

Текстот е преземен од http://hajdpark.mk/