КОЛУМНА: СПОМЕНИ
СПОМЕНИ
Ух….додека понувам да ја пишувам и оваа четврта по ред колумна, не можам да си ги соберам емоциите, уште сум под импресии од TDKR и совршеното завршување на трилогијата за Мрачниот витез на Nolan, ако случајно уште не сте го гледале филмот мој совет е да го сторите тоа веднаш, филмот едноставно е греота да се пропушти….
Него ви текнува ли на оние добри стари времиња кога имаше стрипови на трафика, кога ги читавме изданијата на Златна серија, Лунов Магнус стрип, Алманах, изданијта на Дечје новине, Микеиви забавници итн итн, ви текнува ли на времињата кога секоја среда трчавме на трафика да го купиме новиот број од нашите омилени јунаци, Загор, Комндант Марк, Блек Стена, Мистер НО, Дилан Дог, Марти Мистерија, Астерикс и Обелиск, Таличниот Том и др…..времињата кога едноставно одевме на трафика да си го купиме новиот број од стрип јунакот кој го сакаме, па оние маалски менувања со стрипови, јас еден другарот од зграда друг стрип…убави времиња беа тоа….убави…..Кои за жал заради одредени случувања останаа само во нашите сеќавања, убав спомен од моето а верувам и вашето детство….
Лично многу се изненадив кога пред неколку години ги видов изданијата од Весели четвртак на трафика, имаа убав континуитет, знам дека излегуваа/ат секој четврток во неделата и едноставно ми се врати навиката, да излезам од работа, испијам кафе некаде во градов и на враќање дома застанам до најблиската трафика и си купам стрип, не можам да ви опишам колку бев среќен. Цела таа ситуација ме испровоцира да седнам и да ја изгуглам интернет страната за Весели четвртак која морам да признаам дека тогаш ја немаше, ама па на моја уште поголема радост налетав на македонски стрип форум ма кој веднаш се регистрирав и сватив дека не сум сам, едноставно имаше еден куп луѓе кои сеуште читаат, цртаат, прават муабет за стрип, тоа беше и пресвртот и враќањето на мојта пасија стрипот. Од тогаш наваму се случија многу мили и немили работи, ама сепак најлошата за мене е што стрипот го снема од трафика, не навлегувам од кои причини (иако ги знам) ме погоди тоа што за релативно краток период од неколку години повторно ситуацијата е статус кво….едноставно стрип на трафика повеќе нема.
Ама па од друга страна реков и погоре се случија и некои мили работи, една од тие е и отврањето на стрипарницата БУНКЕР, да добро читате стрипарница која опстојува скоро година дена во нашиот град и се наоѓа карши ТЦ Рамстор во кулите или попрецизно до Екс Алек. Нормално дека бев на отварањето на истата, и нема да го заборавам првиот момент кога влегов, не се ни поздравив со луѓето таму, се исклучив од реалниот свет и се фокусирав на полиците, на поплиците кои беа преполни со стрипови….верувајте ми тој момент не се заборава….!!!!!!
Не смеам да заборавам да ја споменам и книжарницата ИКОНА, во која за сите овие години наназад имавме прилика да пазариме стрип, иако ограничени во изборот сепак имаше стрип.
Секој вистински љубител на стрипот има начин како да дојде до стрип, поготово сега во ерата на интернетот е многу лесно да се дојде до посакуваниот јунак, посакуваниот број, ама сепак она чуство кога одиш да го купиш стрипот, да го избереш примерокот, да го разслисташ стрипот, па оној момент кој мене стално ама стално ми се случува одам по еден се враќам дома со пест стрипа….тоа не може никој да го замени.
Топло е, надвор и не се излегува многу многу, ако ги читате овие редови а немате прочитано стрип направете го тоа, ако пак сте од оние што читаат стрипови, време е да прочитате нешто ново НЕЛИ.
Ве поздравувам и до наредно читање.
Е да не заборавам од наредниот четврток ќе почнам и со нов текст за тоа што јас читам во моментот и препораки за тоа што во тековната недела вреди да се прочита.
Мешков
Текстот е преземен од http://hajdpark.mk/