КОЛУМНА: ШТО ЧИТА МЕШКОВ
ШТО ЧИТА МЕШКОВ
Значи вака, од овој па секој нареден четврток ќе пишувам мини рецензии за 3 наслови кои вреди или пак не вреди да се читаат, ќе стане збор за нови но и за стари серијали.
За оваа недела се одлучив за следниве наслови:
1.Deadpool Kills The Marvel Universe
Ги исчитав првите два броја од овој серијал, сценариото е на Cullen Bunn a цртежот на Dalibor Tajalic, по теркот на Marvel universe VS The Punisher или Marvel universe VS Wolverine. Меѓутоа за разлика од споменатите се работи за многу лош наслов, многу лоша идеја, лош хумор и причично лош цртеж. Вероватно погодувате од самиот наслов се работи за Deadpool кој е платен убиец и обично е познат по неговиот хумор (кој за жал во серијалов односно првите два броја до сега го нема или пак е толку лош што јас искрено него ни приметив) кој од свои причини ќе почне борба против суперхероите од Марвел универзумот. Идеја веќе видена ама толку лошо реализирана што искрено моја препорака е да бегате што подалеку од овој серијал, едноставно ми е жал за потрешеното време додека ги читав првите два броја.
2.Clic
Исто како и погоре ги исчитав првите два броја од овој серијал и искрено имам поделено мислење. Станува збор за стрип серијал со еротска содржина и е наменет нормално за над 18 години, сценариото и артот се на Milo Manara. Реков погоре поделено мислење ќе се запрашате зошто! Одговорот е многу јасен за оние кои го знаат делото на Manara како стрип цртач, човекот е едноставно брилијантен поготово кога станува збор за жени, ама па од друга страна како сценарист е ужасен (зборам конкретно за серијалов), прказната е апсурдна во секој поглед, главната протагонистка е под влијание на некој психијатар кој успева со посебен трансмитер да го засилува нејзиното либидо…..Истиот концепт е и во втората приказна…. Искрено ако сакате добар арт, поготово со еротска содржина имате моја препорака за стрипот сепак е тоа Manara, ама па од друга страна ако барате приказна можете слободно да го прескокнете овој наслов. Одлуката е ваша.
3. The Four Horsemen of the Apocalypse
Simon Bisley е доволен да овој стрип без разлика дали знаете или не за што се работи седнете и без двоумење го прочитате, оваа „посластица„ доаѓа по повод 35 годишнината од постоењето на списанието Heavy metal и е стрип кој има моја апсолутна препорака. Значи самиот наслов е доволно јасно ја покажува насоката или ти содржината на овој би рекол маестрален стрип, од секогаш сум ја сакал таа вечна борба помеѓу доброто и злото поготово исразена преку религијата во смисла на рај и пекол или да бидам попрецизен преку оние култови кои постојат за заштита на печатите, клучевите што и да е од злото илити демоните, нелуѓето, вампирите итн итн. Овој наслов има моја препорака.
4. Batman Year one
Ова е веќе класика, Frank Miller и неговиот талент да даде сосема нова перспектива на мрачниот витез, сосема нова перспктива на градот Gotham и случувањата во него. Ова е епска сага за доаѓањето на двајца сосема различни а сепак исти луѓе во еден град кој е исполнет со корупција, насилство, проституција, град во кој длабоки корени има пуштено организираниот криминал….водени од различни побуди, едниот од желбата да се одмазди, другиот од желбата да се притаи, скрие и да почне нов живот, се соочуваат со моментот на праведност и почнуваат секој од своја позиција да го искоренат злото….Ова е приказна која плени уште во самиот старт, моментот што е напишана од контраверзниот Miller е доволен показател дека вреди (не знам колку пати сум го препрочитал). Моја препорака за неделава.
5.Batman Dark knight returns
Се одлучив за уште еден наслов со мрачниот витез од причина што и новиот филм на Nolan е сеуште актуелен а јас периодов прилично читав и препрочитував некои би рекол култни наслови со овој лик. И повторно се работи за Miller и повторно се разботи за наслов кој е култен а и контраверзен сам по себе. Batman во „залезот„ на својата кариера, едноставно стар и би рекол презаситен од долгогодишната борба со криминалот, неговите најголеми непријатели се рехабилитирани, во Gotham жештините се преголеми а вестите се преполни со информации за пораст на криминалитетот….Batman се враќа….
МОја препорака за неделава.
Искрено се надевам дека ќе ви се допадне и овој текст, кој како што најавив ќе оди секој четврток и во кој ќе пишувам како за стари така и за нови наслови кој ми оставиле и не ми оставиле впечаток во изминатата недела.
Голем поздрав и до наредно читање.
Мешков
Текстот е преземен од http://hajdpark.mk/