Tags

Related Posts

Share This

КОЛУМНА: …ВО ПОЧЕТОКОТ…

Чудна работа, многу препукувања, многу рационализирања, многу теоретизирање околу едно сосема небитно би рекол тривијално прашање…..КОЈА СТРИП ШКОЛА Е ПОДОБРА!!!!!!

Мислам стварно, Загор и Чико, Командант Марк, Блаф и Жалосна сова, Блек Стена, Окултис и Роди наспроти Бетмен и Робин, тимот X-Men или можеби Fantastic Four или можеби сите овие можат вода да им носат Umpah pah, Lucky Luke, Asterix и Obelix итн итн….муабет кој по мене апсолутно нема никаква поента, едноставно нема добра и лоша стрип школа, кај сите има и добри и лоши приказни, јунаци, цртачи, сценаристи, колористи и сл. Ама ете сите некако си даваме за право да мудруваме и народски кажано да се правиме паметни.

Иако можеби малку подолг и конфузен вовед, мислев да дадам некое мое видување за стрип школите, како мал растев со Загор, К.Марк, Блек Стена, Кит Телер, се случи една непријатна ситуација и грото од колекцијата која ја имав како дете се удави у вода, сето тоа некако со поклопи со почетокот на тие фамозни 90-ти, Дневник од Нови Сад отиде у неповрат, бившата ни држава веќе почна да се распаѓа и некако полека стриповите ги снемуваше од трафика, Слободна Далмација додуша ја пополни празнината ама и тоа некако кратко траеше, се наоѓаше чат пат по некој стрип ама не беше тоа тоа……Помина подолг времеснки период, мене лично магијата некако ме пушти и најдов друго хоби во животот за пополнување време, ама ете судбината ми била таква да пред некои три четири години онака сосема случајно во очи ми падна стрип со Загор ама го одминав и тек кога стигнав дома онака си викам сам на себе „Пеер абе стрип Загор„ и истиот момент отрчав на трафика да видам што е како е и нормално го купив истиот со муабетот „Абе да видам што е како е, не оти ќе собирам пак стрипови„….Е арно ама едно устата збори друго срцето мисли, кога го укапирав темпото на издавање и онака почнав со еден стрип неделно (различен јунак излегуваше) па почнаа оние стандардни продолженија па чекај да го видам крајот, па чекај да видам наредна прича и полека полека почнаа да се собираат дома стрипови и тоа реално беше почетокот на градење на мојата нова стрип колекција.

Привилегијата да растам/ме во времето на интеренот и современата технологија се одрази и на можноста за осознавање на нови стрип форми, нови стрип школи, лесна пристапност до стриповите со нарачување преку интернет, љубовта кон стрипот нели е безгранична, осознавањето поготово на американската суперхеројска школа, нивните суперхерои било Marvel било DC, дали Wolverine или Batman, дали Avengers или Justice league of America едноставно се изгубив во тоа море на приказни, нормално спомнав и погоре лесно пристапни да ги има човек дома на полици, релативно новите издавачи од бившите југословенски простори кои почнаа да издаваат и албуми од француско-белгиската школа, тврдокоричени, шиени, со јасен скен….едноставно не можев да издржам под притискот и голем дел од она што мене ми се допаѓа почнав да го купувам и да го редам дома со големо задоволство……

Да не должам многу веќе погодувате јас сум Мешков, обичен човек, со обична работа и необично хоби колекционер на стрипови, висам по социјални мрежи, висам и по форуми, најчесто може да ме најдете на www.makstrip.com.mk и да еднаш неделно ќе се дружиме на порталов.

Поздрав и до скоро читање……

Мешков

Текстот е преземен од http://hajdpark.mk/