МЕЃУНАРОДНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА: „СТРИП КОСМОПОЛИТИ“ НА ВИЗАНТ ВО ПРИЛЕП!

Центарот за визуелна уметност „ВИЗАНТ“, во соработка со градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, вечерва (24.12) во 18 часот ќе ја отвори изложбата „СТРИП КОСМОПОЛИТИ“ како дел од 10-тиот меѓународен стрип салон, најстара ликовна манифестација од ваков вид кај нас. Ќе присуствуваат селектирани уметници од 30 земји: САД, Франција, Италија, Малезија итн. Македонскиот стрип кружок го претставуваат: Атанас Ботев, Горан Дачев и Златко Крстевски. Од Србија учествуваат реномирани уметници како што се Александар Зоограф, Данило Милошев-Восток и проф. Опачиќ со култната трилогија „Загор: Боливудска трилогија“, креирана на повеќе стрип работилници.

24.12.2009

24.12.2009