ДА ЈА РАЗУБАВИМЕ ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

Според Претседателот на Здружението, Здравко Гиров акцијата има за цел да ги едуцира децата, но и кафезите во Зоо Скопје да добијат поинтересен изглед преку новите стрип цртежи на животните.

За поранешниот директор на Зоолошката, Дане Кузмановски акцијата е доказ на уште еден успешно спроведен проект.

-Се потрудивме со помош на забавни стрип верзии и да ги едуцираме и да ги забавуваме децата, што значи дека во текот на посетата ќе имаат прилика во едукативниот центар да ги гледаат овие кратки стрипчиња и преку нив да се едуцираат, посочи Кузмановски.

Како дел од оваа акција ќе земат учество и децата од Македонското еколошко друштво кои ќе учествуваат на Европскиот награден конкурс со своите цртежи.

Фотографии од акцијата може да погледнете ТУКА.