Интервју-Димано!
“ДИМЕ ИВАНОВ-ДИМАНО, СТРИП-ЦРТАЧ И ИЛУСТРАТОР
Генерации и генерации се растени со неговите илустрации и стрип-цртежи. „Наш свет“, „Детска радост“, „Просветно дело“, учебници, лектири, сликовници и списанија за деца. Негови креации се објавувани и во весникот „Нова Македонија“, во прилогот „Колибри“. Диме Иванов-Димано првиот стрип „Бунтовници“ го објавува во „Млад борец“ во 1971 година, а веќе во 1974 година во „Наш свет“ го објавува стрипот „Дванаесеттемина“. Потоа следуваат стриповите за Марко Крале, Питу Гули, солунските атентатори, Леонид Марков, Веле Марков, Бошко Буха, Христијан Тодоровски-Карпош, за Итар Пејо и многу други, кои се објавувани и во стрип-едицијата „Никад робом“. Негов познат авторски стрип е „Војдан“, кој е објавуван во неколку епизоди во „Мак-стрип“. Деновиве „Војдан“ беше објавен во издание на „Стрип-квадрат“. Станува збор за три стрип-приказни спакувани во едно тврдо укоричено издание. Приказните ги следат патешествијата на јунакот Војдан во Македонија, и тоа во периодот по битката на Беласица, па сѐ до востанието на Петар Делјан. Приказната што се случува на овие простори во почетокот и средината на 11 век се протега на 130 …”
Целото интервју ТУКА!