НОВИТЕ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКА (23.12.2010)

Со филмот “Мајки” на режисерот Милчо Манчевски вечерва во 20.00ч. во Ки­но­те­ка­ на Македонија почнува циклусот Македонска Панорама. Во ре­ви­ја­та, која ќе трае до недела (26.12), ќе се прикаже поголемиот дел од ма­ке­дон­ска­та филмска продукција од годинава.

Ут­реш­ни­те проекции почнуваат од 19.00ч. со кратките филмови “Синот” на Мар­ко Ѓоковиќ, “Љубовта на билбордите” на Игор Соколовски, “Глу­вар­че” на Игор Христов, “Вистинската приказна за Хансел и Гретел” на Гоце Цветановски, “Шивачките” на Билјана Гарванлиева, “Два на еден” на Ико Каров, и на крајот, по 21.00ч. игра “Војната заврши” на Митко Панов.

Вле­зот е слободен.

Повеќе информации ТУКА.

23.12.2010

23.12.2010