РАБОТИЛНИЦА: SWISS DESIGN IN HOLLYWOOD

Изложбата „Швајцарскиот дизајн во Холивуд“ се осврнува на работата и влијанието на швајцарските уметници во областа на дизајнот и дигиталното сликање на меѓународните филмски продукции како и на видео игрите. Филмската индустрија е еден од најзначајните фактори во обликувањето на културата на денешното време. Но, малку е познато дека голем број швајцарски уметници веќе години наназад успешно работат на концептуализација на филмови и игри, креирајќи ликови, фантастични суштества и сценографии. Денес, голем број од овие уметници работат на некои од најпознатите проекти (вклучувајќи и анимирани филмови) и оставаат траен белег во популарната култура, иако нивниот придонес не е широко признат.

„Швајцарскиот дизајн во Холивуд“ дава една историска перспектива на малку познатите или запоставени уметнички техники и вештини. Оваа изложба има за цел да укаже на индивидуалното влијание што некои од швајцарските дизајнери и илустратори – без разлика дали работат независно или се ангажирани од страна на големите студија за специјални ефекти – го имаат на естетиката на филмската продукција, без да се заборави нивниот личен опус.

Повеќе може да дознаете ТУКА.

15.10.2010

15.10.2010