Tags

Related Posts

Share This

Video House – бесплатен тренинг центар

 

Video House, македонска компанија чиј фокус на работа е базиран на карактер анимациии за комерцијални проекти и нивна пост-продукција, а во своето професионално портфолио ги има шкотскиот долгометражен анимиран филм „Misterstourworm”, визуелни ефекти за популарната серија на каналот SyFy „Eureka“, како и  рекламите за Hasbro играчките Transformers и BDaman, организира бесплатен тренинг центар.

Бесплатната обука ќе биде од областа на:

  • Анимација и Риг
  • 2D/Графички дизајн
  • Моделирање
  • Композитинг
  • Shading/Lighting

Во тренингот ќе бидат вклучени 10 од најдобрите пријавени кандидати, а по завршувањето на теоретсктите и практични аспекти на обуката, на најдобрите ќе им биде понудено вработување во компанијата.

За повеќе информации, посетете na www.videohouse.mk