НОВИТЕ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКА (23.12.2010)
Со филмот “Мајки” на режисерот Милчо Манчевски вечерва во 20.00ч. во Кинотека на Македонија почнува циклусот Македонска Панорама. Во ревијата, која ќе трае до недела (26.12), ќе се прикаже поголемиот дел од македонската филмска продукција од годинава.
Утрешните проекции почнуваат од 19.00ч. со кратките филмови “Синот” на Марко Ѓоковиќ, “Љубовта на билбордите” на Игор Соколовски, “Глуварче” на Игор Христов, “Вистинската приказна за Хансел и Гретел” на Гоце Цветановски, “Шивачките” на Билјана Гарванлиева, “Два на еден” на Ико Каров, и на крајот, по 21.00ч. игра “Војната заврши” на Митко Панов.
Влезот е слободен.
Повеќе информации ТУКА.
