ЕДУКАТИВНИ СТРИП ЧАСОВИ!

Во вторникот (17ти мај) Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“ започна со
едукативни стрип часови низ основните школи.
Првиот час се одржа во „Х.Т. Карпош“, а до крај на оваа учебна година планирани се уште предавања во други основни школи.

Предавањето го држеа Здравко Гиров (стрип цртач) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист),
а презентацијата беше насочена кон познатите македонски стрипови и стрип ликови.
Првата половина од часот беше претставување на сегашната македонска стрип сцена,
посебно на авторите кои се појавиле во стрип магазинот „Синдром“, како и последните активности на Здружението „МАКСТРИПОВИ“ и Македонскиот стрип форумот makstrip.com.mk.
Во вториот дел од часот се предаваше за основите на стрип цртањето, практичниот дел на кој Гиров ги покажа своите тајни и трикови при цртање на стрип.
Повеќе може да прочитате ТУКА!

Едукативни стрип часови