Интервју со Томислав Османли.
Интервју со господинот Томислав Османли за списанието “КЛУЧ” околу стрипот кај нас и во светот:
“1. Како гласи дефиницијата за стрипот?
-Според мене најкусата дефиниција би гласела: Стрипот е графичка нарација изведена во најмалку три глетка полиња. Глетка-поле е основната единица, стриповскот „кадар“ или „квадрат“. Ако на ова му се одаде дека графизмот на стрипот е антопоморфен (човекообразен) ја добиваме сликата на основниот медиум на стрипот. На ова треба да му додадеме дека стрипот денес е и трансмедијално творечко средство, имено дека покрај класичната фиксација на неговите содржини на печатена хартија, тој може да функционира и на компјутерски екран, како и на други средства за комуникаици што можат да поддржуваат графичка слика. Под стрипот, имено, се подразбираат неколку нешта. Тој е едновремено и уметничка дисциплина, и независен медиум, и медиски јазик.
2. Колку приказната во стрипот моѓе да е повод да се искаже и покаже состојбата во општесвото, фантазијата на една младешка популација, борба против злото и криминалот?
-Вашето прашање во основа значи – колку стрипот е уметност? Тој е уметност. Во таа смисла стрипот раскажува на свој начин теми и покренува проблематизации како и сите други уметности. Тој релевантно говори за општетсвените феномени, умешно може да гради богати визуелизации и атмосфери, да говори за состојбата во општеството, но и да дава авторски слики, нарации и толкувања по пат на вербо-визуелно раскажување и драматиации, слично на филмот. Разликата е во тоа што стриповската нарација не подрзбира подвижна фотофиксациска или електронска синтетичка слика како кај филмот и кај новата филмска анимација; туку нарација преку вештината на континуирање цртежи, релизирани рачно. Стриповката слика, сод руги зборови, претставува личен, непосреден графички „потпис“ на авторот. Во таа смисла сакам да потсетам дека во низата од уметнички дисциплини стрипот се реди како Деветта уметност, по филмот (Седма) и анимацијата како Осма уметност. Таа доаѓа по нив, а во некои субјекитвни аспекти, таа стои дури и над нив… ”
Целото интервју можете да го прочитате ТУКА!