Македонскиот краток стрип “Опти Мист“ награден на Меѓународниот салон за стрип во Белград
Белград, 28-ми септември 2011 – Македонскиот краток стрип “Опти Мист“ е вброен во најдобрите стрипови за 2011-та година на Меѓународниот стрип салон кој неделава ќе се одржи во Студентскиот културен центар во Белград, Србија.
Краткиот стрип „Опти Мист“ беше објавен во јунскиот број на промотивниот стрип магазин “Синдром“ и е изработен според сценарио на Давор Драмиќанин и цртеж на Бане “the Jester“ Милевски, двајцата членови на здружението “Макстрипови“. Ова е трет пат некој од македонските стрип автори да биде награден на Меѓународниот стрип салон во Србија.
Стрип салонот во Белград, кој годинава ќе се одржи од 29-ти септември до 02-ри октомври, е еден од најголемите и најпосетените фестивали на Балканот за љубителите и професионалците на седмата уметност, а на кој редовно присуствуваат познати гости од светот на стрипот.
Повеќе за ова ТУКА!
А како одеше креирањето на стрипот може да погледнете ТУКА!