БУНКЕР ПРЕПОРАКА
Редов Били (Beetle Bailey), симпатичната смотаница која никогаш не доби унапредување, преживеа сешто во своето веќе преку 60годишно постоење. Американската војска го забрануваше и прогонуваше, уредниците го цензурираа, а групите за заштита на посебни интереси немилосрдно го напаѓаа. И додека оваа борба сеуште трае (загрижените патриоти го напаѓаат бидејќи сметаат дека ја деградира сликата за американската војска, посебно официрската фела, а пацифистите не можат да смислат стрип за војник, во касарна), Били, едноставно, си остана тоа што секогаш беше- непоправлив забушант.
Повеќе може да прочитате ТУКА.