МАКЕДОНСКИТЕ СТРИПАЏИИ ГО ОСВОЈУВААТ БАЛКАНОТ
На интернационалниот фестивал за стрип и карикатура Призрен 2012, кој што завршува денес, традиционално, веќе неколку години по ред, масовно учество земаат и македонските стрип автори. Соработката меѓу стрипаџиите од Македонија и организаторите од Призрен датира од 2009 година. Веќе наредната, 2010 година, во официјалниот каталог на фестивалот беа претставени делата на дури 28 македонски стрип автори, од кои што поголемиот дел беа организирани од македонското здружение за промоција на стрип културата Макстрип.
Повеќе може да прочитате ТУКА.