Стрип низ медиумите!

Интервју со Игор Јовчевски.

стрип низ медиумите

Стрипот треба да ги бомбардира медиумите и киосците

Најмногу недостига редовна стрип-ревија или магазин што би излегувал еднаш на два месеца, на пример, би се продавал по киосци, а би ги опфатил и македонскиот, но и светскиот стрип – италијанската, француско-белгиската, американската школа… Недостигаат и стрип-издавачи, и тоа не еден-двајца, туку повеќе, кои би ги бомбардирале медиумите со реклами, а киосците со изданија, вели Јовчевски

Квалитетот на цртачот не се мери само по бројот на исцртани страници, вели Јовчевски

ИГОР ЈОВЧЕВСКИ, СТРИП-ИЛУСТРАТОР

Деветтата уметност, како што многумина го нарекуваат стрипот, се негува и во Македонија, иако не е голем бројот на оние што се занимаваат со оваа уметност на хартија. Игор Јовчевски е еден од тие „негувачи“ на нарациите во слики. Црта откако знае за себе, уште од три-четиригодишна возраст, а своите први стрипови ги објавил во ревијата „Стрип-арт“ (подоцна преименувана во „Стрип-креатор“). Има објавувано и во хрватските „Стрипген“ и магазинот „РЕ“ и во словенечкиот магазин „Апокалипса“. Беше дел и од тимот што работеше на српскиот серијал „Вековници“, како и на хрватскиот серијал „Џек Сиброн“, каде што соработуваше со познатиот Бранислав Керац. Автор е на две книги со стрип-илустрации за германскиот пазар.

Колку страници имате досега исцртано и кои се спецификите на вашиот цртеж?
– Не би можел да кажам конкретна бројка. Во секој случај таа не е голема колку што би сакал да биде. Моите страници (табли) се карактеристични по тоа што се многу детални и работени во класична стрип-техника – молив и туш на хартија (хамер), така што изработка на една табла не оди брзо, потребни се најмалку два дена. Секако, квалитетот на цртачот не се мери само по бројот на исцртани страници. Има примери на цртачи што брзо работат и прават по неколку страници на ден и, нормално, квалитетот не е на потребното ниво. Секој од нас се …целото интервју ТУКА!