Полуелфот прочита нешто па реши да пише

“Ова е нешто што требаше да го направам многу одамна, не знам зошто олку чекав до сега, мќрза ли е вопрашање или немарност веќе не е ни битно, битно е дека еве седнав да пшувам за стрип, манга која ме остави без зборови и за која сеуште се фаќам себеси како разлислувам за приказната.

20th Century Boys, наслов кој вака на прв поглед не остава баш јак впечаток, навидум изгледа како уште една детска драма за едно лето во кое група на деца го поминуваат летниот распуст во своите игри, и верувале или не добар дел од приказната на мангата е токму тоа, односно целото дејствие е поврзано со еден летен распуст, од кој подоцна ќе зависи судбината на светот.Приказната започнува на многу чуден начин, толку чуден и зајадлив начин што уште од самиот почеток на читачот му остава еден таков црвец во психата за да го грицкаи јаде за а продолжи да чита, едноставно ја буди човековата лубопитност во читачот на најдобар можен начин, уште на самиот почеток открива се и не открива ништо во исто време. Имаме сцена во која млада девојка се буди среде ноќ и низ прозорот гледа нешто огромно со очи кои светат и вели “Oh no, not again…” за веднаш потоа да не префрли на светска конференција на која спикер ги најавува спасителите на светот кои нли не ги гледаме дирекно освен нивните сенки. И толку! Тоа е тоа, толку од џиновски чудовишта и спасители на светот! Приказната не носи во домот,или подобро да кажам во пиљарата на главниот лик Kenji кој живее со својата мајка и својата внука, ќерка на сестра му која еден ден го има донесено девојчето и исчезнува без трага и глас. На повеќенаврати се запознаваме со другите ликови од приказната преку сецни од “сегашноста” и минатото каде Kenji и неговите другари се сеуште деца кои градат бункер од трски и слама во едно напуштено и со трева ураснато поле. Kenji и другарите Otcho, Yoshitsune и Maruo овој бункер го нарекуваат Базата во која читаат и разменуваат манги и порнографски списанија но во исто време и си прават филм дека се светски спасители, па дури во една тетратка запишуваат серија сценарија како некој злобен владетел на светот се обидува да го завземе на нај различни начини, подоцна како одминува времето се повеќе и повеќе деца дознаваат за Базата и им се придружуваат. И така приказната не вози малкуцка низ навидум наивниот и мирен живот во соседството се додека не почнат да се случуваат чудни работи, луѓе почнуваат да исчезнуваат и да се самоубиваат, и тоа луѓе познати на Kenji и неговото друштво од детството.
Цела колумна може да ја прочитате ТУКА,а коментари на истата да оставате ТУКА!

Полуелфот прочита нешто па реши да пише