Video House – бесплатен тренинг центар
Video House, македонска компанија чиј фокус на работа е базиран на карактер анимациии за комерцијални проекти и нивна пост-продукција, а во своето професионално портфолио ги има шкотскиот долгометражен анимиран филм „Misterstourworm”, визуелни ефекти за популарната серија на каналот SyFy „Eureka“, како и рекламите за Hasbro играчките Transformers и BDaman, организира бесплатен тренинг центар.
Бесплатната обука ќе биде од областа на:
- Анимација и Риг
- 2D/Графички дизајн
- Моделирање
- Композитинг
- Shading/Lighting
Во тренингот ќе бидат вклучени 10 од најдобрите пријавени кандидати, а по завршувањето на теоретсктите и практични аспекти на обуката, на најдобрите ќе им биде понудено вработување во компанијата.
За повеќе информации, посетете na www.videohouse.mk