30 мај 2011 год.
Здружението „МАКСТРИПОВИ“ продолжува со едукативните стрип часовиАкцијата на информативни часови за стрипот, во организација на Здружението за
промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“ и општина Карпош, влегува во константен ритам.
Второто посетено основно училиште, каде се одржа едукативен стрип час,
беше
ОУ „Војдан Чернодрински“ и заинтересираните основци.
Со голема помош на професорот по ликовно, Илчо Симовски, талентираните ученици преку презентација беа запознаени
со стрипот како медиум, со делата на македонските автори, но и со
тајните на стрипот,
основите за почеток на работење стрип, дали преку цртање или преку пишување сценарија.
Пријатно сме изненадени од големиот интерес за
стрип школата,
која треба да започне од септември, со стартот на учебната година.
Младите таленти покажаа дека се запознаени со стрипот и со стрип јунаците,
но и дека имаат многу идеи за свои стрип јунаци, супер херои, манга ликови...
Со второто предавање за стрипот, се заинтересираа
нови 20 ученици,
кои ја имаат желбата да ја посетуваат стрип школата.
Со ова, бројката на ученици изнесува над 35.
Целата активност е со поддршка на општина Карпош,
а планирано е да заврши со групна стрип изложба при крајов на годинава,
како и издание во промотивниот стрип магазин „Синдром“
со стриповите кои ќе ги креираат младите стрип автори.
Фотки: